Pixwox msuskopjeโพสต์
9 วันที่ผ่านมา
46
0
ПРОЕКЦИЈА НА ОСКАРОВЕЦОТ „20 ДЕНА ВО МАРИУПОЛ“ ВО МСУ - СКОПЈЕ И оваа недела во рамките на „МСУ летно кино“ продолжуваме со проекции на атрактивни филмски наслови на тремот на МСУ - Скопје. На 27 јуни (четврток), со почеток во 21 часот ќе го прикажеме документарниот филм „20 денови во Мариупол“, годинашниот добитник на Оскар за документарен филм. Влезот е слободен. Украинскиот двоен кандидат на годинашните Оскари за најдобар документарец и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, „20 дена во Мариупол“ е филм за украински воени репортери од „Асошиатед прес“ затекнати под опсадата на најнастраданиот и, речиси, уништен град на истокот на Украина, како и нивно сведоштво за страдањата на цивилите и херојските подвизи на бранителите на градот. Овој моќен филм ја прикажува суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната. Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада и е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината. Како последни меѓународни набљудувачи во Мариупол, тие ќе ги снимат ужасните снимки за неговото уништување, кои подоцна ќе го обиколат светот и ќе сведочат за злосторствата на руската армија. Филмот е на Мстислав Чернов, носител на Пулицерова награда од 2023 и претседател на украинската асоцијација на професионални фотографи, а во продукција на „Асошиатед прес“ и „Фронтлајн“. Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. Документарецот содржи графички слики од војна, кои не се соодветни за публика под 18 години.