Pixwox msuskopjeGönder
18 gün önce
70
0
Во МСУ, како дел од интердисциплинарната програма се одржa Меѓународен симпозиум насловен „Земјата која се промислува постојано – креативен геофилозофски патопис“. Преку комбинирање научен и уметнички пристап, излагачите ги преиспитаа комплексните релации и траектории на земјиниот систем, како и која е улогата на уметноста во насока на создавање модели на перцепција, кои информираат, спознаваат и откриваат делови и состојби од земјата, кои за многумина се невидливи, менувајќи ги спознанијата за неа и за нејзиниот опстанок. Оттаму, соочувајќи се со актуелните еколошки кризи и егзистенцијални закани, произлегува неопходноста за уметност, која треба да биде нашиот инструмент за опстанок и преиспитување или за една нова „филозофија“ на земјата. Меѓу повеќето учесници на овој симпозиум излагања имаа и Тошија Уено, професор на Катедрата за транскултурни студии на Универзитетот „Вако“ во Токио, Јапонија, Алекс Таек-Гванг Ли, професор на Универзитетот „Кјунг Хи“ во Јужна Кореа, Кристина Коскентола, визуелна уметница од Финска, Рик Долфијн, универзитетски професор од Утрехт, Холандија, Ирена Чаврилска, универзитетска професорка од Гдањск, Полска, Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ – Скопје и други. Во рамки на симпозиумот имаше и студентски презентации од Универзитетот Утрехт во Холандија и Факулетот за ликовни уметности од Скопје. Преку реализација на овoj меѓународен симпозиум, МСУ – Скопје, презема важна институционална улога во воспоставување соработки со универзитети, музеи и уметнички центри и во промовирање серија важни нови интердисциплинарни пристапи кон актуелните предизвици денес. Целта е проектот да создаде услови за квалитативна размена на знаења, соработки и ангажирана уметничка продукција, како суштински средства за генерирање ангажиран однос кон климатските промени и еколошките предизвици.